
Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој го ослободи Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија.
Да се ослободи Сергеј Александрович Баздникин од функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, се вели во документот објавен на порталот за правни акти.
Не е прецизирано кои се причините за отповикувањето на Баздникин.
Баздникин (58) ја предводи амбасадата во Скопјe од 2018 година. За време на неговиот мандат се појавија дипломатски проблеми меѓу двете земји, откако во 2022 година, по почетокот на војната во Украина, руски дипломати беа протерани од Македонија.

