Skip to main content
Свет

Путин го именува генерал Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Русија

08/11/2025  14:20

Претседателот на Русија, Владимир Путин, со указ го именува генерал-полковник Андреј Булига за заменик секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација.

Булига претходно ја извршувал функцијата заменик министер за одбрана, каде што бил одговорен за логистиката на вооружените сили, пренесе Тас.

Пред тоа, тој ја надгледувал логистиката во Западниот воен округ како заменик командант.