Skip to main content
Свет

Путин е отворен за преговори со Украина за ненапаѓање на цивилни цели

21/04/2025  21:33

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи за билатерална процедура за разговор за ненапаѓање на цивилни цели, мислел на преговори конкретно со Украина.

– Можна е дискусија, кога претседателот рече дека е можно да се разговара за прашањето за ненапаѓање на цивилни цели, вклучително и билатерално, конкретно мислеше на преговори и разговори со украинската страна, рече Песков.

Песков истакна дека Путин претходно повеќепати зборувал за подготвеност за преговори со украинската страна