Skip to main content
Македонија

Пуштени првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

13/07/2025  15:53

Она што долго време беше само идеја, денес станува реалност – од денеска официјално е пуштен во употреба првиот дел од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Ова претставува важен чекор напред во инфраструктурното поврзување на западниот регион на земјата.

Автопатот е дел од стратешкиот Коридор 8 и се очекува значително да го олесни транспортот, да ја раздвижи економијата, да го засили туризмот и да го подобри квалитетот на живот на граѓаните од овој регион.

„Нека е со среќа!“, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски, кој го најави почетокот на сообраќајното функционирање на овој дел од трасата.

Проектот продолжува и во наредниот период, со амбиција да се заврши целосната делница, која ќе претставува модерна, безбедна и ефикасна врска меѓу Кичево и Охрид – еден од најзначајните туристички центри во земјата.