Skip to main content
Македонија

Пуштен во употреба патот од Охрид до Свети Наум во вредност од 11,7 милиони евра

13/06/2025  14:57

Денеска го пуштаме во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум- пат кој беше заборавен. Пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите. И сега, конечно, го добиваме, изјави премиерот, Христијан Мицкоски.

Информираше дека со инвестиција од 11,7 милиони евра, реконструирани се 24,3 километри современ магистрален пат. Реконструкцијата опфати целосна санација на коловозот, поставување нова на сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше. Направени се и заштитни интервенции на ризичните косини- и сето тоа е со една цел: безбедност, сигурност и долготрајност.

Овој пат, што денес го пуштаме, не поврзува со еден од најголемите духовни и туристички центри на Балканот – манастирскиот комплекс Св. Наум. Тој ги поврзува и сите плажи и туристички капацитети на јужниот дел од Охридското крајбрежје. И не само тоа- тој е и дел од регионалната врска со Република Албанија“, рече Мицкоски.

Според него, Охрид, градот под заштита на УНЕСКО, полека, но сигурно, го добива ликот на посакувана и пристапна европска дестинација.

„Но ова денес не е само пуштање на пат. Ова е уште една потврда за определбата на Владата- да се гради, без многу врева. Без партиски и бизнис спектакли. Со план, со јасна визија и многу работа. Во моментов, паралелно се градат неколку клучни патни правци. Автопатот Кичево- Охрид силно се забрзува, делниците Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани се активни, а се работи и на подготовка за градба на делницата Букојчани- Кичево. Тоа значи дека целосно го затвораме автопатниот прстен во Западна Македонија. И тука не застануваме“, рече Мицкоски.