Најновото истражување открива дека пушењето сериозно го скратува животниот век, при што секоја испушена цигара го намалува животот на мажите за 17 минути, а на жените за дури 22 минути. Ова се значително повисоки бројки од претходните проценки, кои сугерираа загуба од 11 минути по цигара.
Истражувачите од University College во Лондон објавија дека штетата е кумулативна – колку порано пушачот ја остави оваа навика, толку повеќе животни години ќе добие. Анализата покажува дека ако пушач кој консумира 10 цигари дневно се откаже на 1 јануари, до 8 јануари ќе спречи губење на цел ден од животот.
До средината на февруари животот може да се продолжи за цела недела, а до август – за еден месец.
Студијата, нарачана од британското Министерство за здравство, заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.
Експертите апелираат – откажувањето од пушење на било која возраст носи значителни здравствени придобивки. Колку побрзо се прекине оваа штетна навика, толку подолг и поздрав живот можат да очекуваат пушачите.