Skip to main content
Хроника

„Пунто“ се запалило во Скопско, изгореле и два други автомобила

03/06/2025  19:57

Пожар кој вчера избил во автомобил „Фиат Пунто“ во скопското село Горно Оризари, се проширил и на две други коли, при што морале да интервенираат и пожарникарите, соопшти МВР.

„На 02.06.2025 во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горно Оризари, скопско, настанал пожар во патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.М.(29) од с.Горно Оризари. Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Г.(33) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ѓ.(68) од Скопје. Повредени нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, пишува во полицискиот билтен.