Skip to main content
Хроника

Пукано кон маж од скопско Цветово

27/05/2025  14:47

Триесетгодишниот З.Д. од селото Цветово, скопско, бил хоспитализиран по вооружен инцидент.

Според пријавеното, синоќа по расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од селото Елово, скопско, Е.Б. пукал кон него.

Од МВР информираат дека мажот се здобил со повреда во ногата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.