Skip to main content
Свет

Пукање во училиште во Грац, најмалку пет загинати

10/06/2025  11:50

Во Грац моментално е во тек голема полициска операција по нападот во училиште во градскиот округ Ленд. Досега се потврдени пет смртни случаи, јавува Krone.

Австриската станица ORF објави дека речиси еден час е во тек голема полициска операција, по пукањето.

Портпаролот на полицијата, Фриц Грундниг, изјави за ORF дека може да има жртви, додека ORF, исто така, јавува дека се верува дека осомничениот напаѓач извршил самоубиство.

Според полицијата, акцијата започнала околу 10 часот наутро. Наводно се слушнале истрели во училиштето, што полицијата го потврди. Потоа е вклучен алармот. Зградата моментално темелно се пребарува, според написите во светските медиуми.