
Пријава за пукање во Прилеп стигнала до Министерството за внатрешни работи попладнево. Според информациите од СВР Битола, се постапува по пријавата, а детали за инцидентот се најавуваат за подоцна пишува скопје1.мк.
Некои медиуми веќе известуваат дека има повредени лица, но официјални информации се уште не се објавени. Ова е втор случај на пукање во текот на денешниот ден. Претходното пукање се случи во скопското село Волково, каде што двајца луѓе загинаа.