Skip to main content
Uncategorized

Пукање во Брисел, едно лице загина

05/06/2025  17:15

Едно лице е убиено денес во пукотница во населбата Андерлехт во Брисел, објавија локалните медиуми.

Жртвата (49) била застрелана во градите во близина на трговскиот центар Вестланд околу 9 часот наутро, објави „Бруселс тајмс“, повикувајќи се на канцеларијата на јавниот обвинител во тој град.

Околностите на пукотницата засега се непознати и не е идентификуван ниту еден осомничен.