Skip to main content
Свет

Пукање пред ноќен клуб во Њујорк, најмалку 11 ранети

02/01/2025  08:56

Најмалку 11 лица се повредени во масовно пукање пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк во средата вечерта, пренесоа американските медиуми.

Престрелката избувнала во близина на ноќниот клуб Амазура нешто пред 23:20 часот, пишува Њујорк пост.

Жртвите биле пренесени во блиските болници, вклучувајќи ја и еврејската болница Лонг Ајленд и Детскиот медицински центар Коен, според извори.

Според њујоршката полиција, ниту една од жртвите не е во критична состојба и се очекува сите да преживеат.