Skip to main content
Свет

Пукање на универзитет во САД: Едно лице убиено, едно тешко рането

10/12/2025  07:56

Едно лице е убиено, а друго е тешко повредено во пукотница на Државниот универзитет во Кентаки, соопштија денес локалните власти во градот Франкфорт.

И двете лица се студенти на Државниот универзитет во Кентаки, но осомничениот вооружен напаѓач не е, објави Си-Би-Ес.

Пукањето се случило пред студентскиот дом „Јанг Хол“ на јужната страна од универзитетскиот кампус, соопштија локалните власти, потврдувајќи дека осомничениот е уапсен и подоцна идентификуван како Џејкоб Ли Бард од Евансвил, Индијана.

Бард веднаш бил приведен на местото на пукањето од страна на универзитетската полиција под сомнение за убиство од прв степен и напад.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, и помошникот началник на полицијата во Франкфорт, Скот Трејси, го опишаа пукањето како изолиран инцидент.

„Повреденото лице е префрлено во локалната болница во критична, но стабилна состојба“, рече Трејси.

Полициската управа во Франкфорт соопшти дека реагирала на пукање на кампусот на Државниот универзитет Кенсингтон во Франкфорт околу 15:35 часот по локално време, додавајќи дека кампусот е во блокада до понатамошно известување.