Skip to main content
Хроника

Пукање кај Бит пазар: Малолетник ранет и итно пренесен во болница

15/03/2025  17:02

На 14.03.2025 во 15.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар, едно лице од огнено оружје пукало во 16 – годишник од Скопје и го напуштило местото.

Притоа, малолетникот се здобил со прострелна рана на раката и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош. Извршен бил увид и на местото биле пронајдени неколку чаури и еден куршум. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.