
На 16.08.2025 во 21:05 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во угостителски објект во кичевското село Добреноец, Б.М.(44) од Кичево, испукал повеќе куршуми во воздух од гасен пиштол.
Повредени лица нема, а по целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.