
Жител на Пепелиште е осомничен за пукање со пушка во животни, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што појаснуваат, вчера во 17:30 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со З.Р., на возраст од 50 години од неготинското село Пепелиште, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период, од дворот на неговиот дом пукал со воздушна пушка во животни, а последен пат на 9 април.
Пушката била одземена и известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што истакнуваат од СВР – Велес, ќе биде поднесена соодветна пријава.