Skip to main content
Магазин

Публиката на Скопски градски фестивал ќе има ретка можност за првпат да ја слушне Тања Сонц со нејзиниот квартет

17/05/2025  10:08

На 17 мај, во Културно информативниот центар – Скопје, публиката ќе има ретка можност за првпат да ја слушне Тања Сонц со нејзиниот квартет, словенечка виолинистка со меѓународна кариера, една од највпечатливите словенечки
виолинистки на својата генерација. Таа е позната по исклучителна музикалност, техничка прецизност и сценска суптилност што плени.