Skip to main content
Македонија

Првпат во државата успешно извршена интервенција на скршен лакт и главата на радиус

03/02/2025  22:48

Министерството за здравство денеска соопшти дека првпат во Македонија е извршена интервенција на пациент со скршен лакт и скршеница на главата на радиус, со што беше постигната стабилизација на зглобот и враќање на целосни движења. Интервенцијата беше изведена на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ. Спроведен е првиот систем за радијална замена на главата со напредни радиолуцентни испитувања, кои овозможуваат прецизно одредување на висината на местото и визуелизација на проксималната улна и зглобот. Терапевтскиот тим составен од д-р Игор Мерџаноски, д-р Александра Танеска, д-р Александра Горѓоска, анестезиолог д-р Александар Димитровски, медицинска сестра-инструментарка Елизабета Јовановска и рендген техничар Тони Цветковски успешно го завршија овој значаен медицински процес.