Во 00:01 часот, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се роди првото бебе во Македонија за 2025 година.
Станува збор за здраво машко бебе, тешко 3190 грама и долго 50 сантиметри.
Мајката Сања Талевски и бебето се во одлична состојба, информираат од Клиниката.
Добредојде за најмладиот граѓанин на Македонија!