Skip to main content
Скопје

„Прво човек, потоа градоначалник“ – ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со промоција на скопскот градоначалник и советничката листа

20/09/2025  13:44

 „Прво човек, потоа градоначалник“ е мотото под кое денеска ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го организираат промотивниот настан за кандидатот за скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

На настанот што се одржува во Музејот на современа уметност, се промовира и советничката листа која брои вкупно 45 кандидати за советници.

Промотивниот настан почна со државната химна во изведба на хорот Злата Мегленска. Се очекува да се обратат премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и  Ѓорѓиевски.

Прв пред присутните зборуваше Даме Димитровски, носител на листата.

-Се отвора нова фаза за Скопје, дојдено е време да се преземе вистинска одговорност, беше речено во воведниот дел на промоцијата.