Skip to main content
Македонија

Првите снегулки почнаа да паѓаат во Маврово 

23/11/2025  15:23

Првиот снег оваа сезона денеска почна да паѓа во Маврово, каде белите снегулки за кратко време го прекрија патот и околната природа. Возачите веќе се соочуваат со понамалена видливост и лизгав коловоз, а сообраќајот се одвива успорено. Засега нема пријавени застои, но се препорачува внимателно возење.

Истовремено, највисоката планина во струшкиот регион – Јабланица, утрово го прими првиот снег за оваа сезона. Врвовите се целосно покриени со тенка, но јасно видлива бела покривка, која го најавува почетокот на зимскиот период во западниот дел на земјата.

Со почетокот на снегот, љубителите на зимски спортови и природата можат да се подготват за сезоната

ЛИНК ДО ВИДЕО