Skip to main content
Македонија

Прва седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата

08/04/2025  06:48

Во свечената сала на Владата денеска ќе се одржи првата седница на новиот состав на Меѓуресорското тело за координација на борбата против корупцијата.

На настанот поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, кој вооедно раководи со Меѓуресорското тело.

Како што соопшти владината прес-служба, обраќања ќе имаат и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, заменик-амбасадорот на САД, Никол Варнс и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал.