Skip to main content
Спорт

Прв тренинг на ракометарите на Вардар под водство на Чупиќ

24/07/2025  16:58

Со тренирање во групи и медицински прегледи, ракометарите на Вардар ги почнаа подготовките за новата сезона. 

Тренерот Иван Чупиќ на првиот тренинг имаше дел од ракометарите кои почнаа со работа со кондицискиот тренер, а другите треба да ги минат задолжителните медицински прегледи.

– Сите ракометари на кои клубот смета сезонава се во Скопје. Во следните денови ќе се завршат сите прегледи, а потоа од понеделник почнуваат и тренинзите во сала. Потоа екипата заминува на висински подготовки, а до крајот на месецот треба да се одиграат и неколку контролни натпревари, и турнири, соопшти РК Вардар.

Пред почетокот на сезоната, на 3 септемви Вардар во Суперкупот ќе се соочи со Еурофарм Пелистер.