Skip to main content
Македонија

Проверете ги сметките: Исплатени субвенции

26/06/2025  17:34

Денеска е реализирана исплата во вкупна вредност од 265.720.530,00 денари кон 4.659 лица.

Исплатата се однесува на дополнителни директни плаќања за мерка 1.3 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Посветено работиме на развојот на земјоделскиот сектор и подобрување на условите за работа на земјоделците, објави министерот Цветан Трипуновски .