Skip to main content
Македонија

Провејува снег во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато

01/04/2026  08:17

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а сите патни правци се проодни.

Снег провејува во Маврово и Крушево и на планинските премини Стража и Ѓавато. Намалена видливост до 20 метри поради магла има на патниот правец Попова Шапка-с.Лисец.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.