Skip to main content
Македонија

Протестни собири во Скопје и Неготино по смртта на младата Фросина

31/01/2025  10:35

Повик за протест се шири на социјалните мрежи две дена откако на пешачки премин во центарот на Скопје беше прегазена 22годишната Фросина Кулакова.

Граѓани повикуваат на протест од 13 часот на местото на несреќата на булеварот Партизански одреди (кај Универзална сала).

Мирен протестен собир ќе има и во Неготино, родниот град на младата Фросина.

Настанот ќе започне во 15 часот на градскиот плоштад во Неготино, и е спонтано организиран од граѓани, кои сакаат да и оддадат чест на Фросина