Skip to main content
Балкан

Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија

01/06/2025  10:37

Студентите во блокада во Србија најавија протести за денеска во 34 градови низ државата каде еден од слоганите е „Децентрализацијата се вчитува“. Нивната цел е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба и дека гласот на помалите градови е слушнат.
За време на денешниот протест попладнево во Белград ќе бидат блокирани Бранков мост и Газела преку реката Сава.

Протестот под слоганот „Сакаме избори“ прво беше најавен само во Пожаревац, но студентските и граѓанските организации на други места одлучија да организираат протести или да ги поместат своите протести за денеска и на тој начин да се приклучат на колективната акција низ целата држава.