Skip to main content
Македонија

Протест против новиот закон за одземање на возила од лица без дозвола

03/02/2026  21:10

Протест против новиот закон кој предвидува одземање на возила од лица без возачка дозвола се одржа во Кочани. Група граѓани излегоа на улиците во населбата Трајаново Трло за да го изразат своето незадоволство.

Учесниците во протестот запалија гуми на улицата ,,Цветан Димов” по што сообраќајот беше блокиран. Интервенираа екипи од противпожарната служба и го изгаснаа огнот. Полициски службеници пак го регулираа сообраќајот.

По интервенцијата на надлежните служби, протестот беше прекинат без посериозни инциденти, а сообраќајот беше повторно воспоставен. Засега нема официјални информации за приведени лица или изречени казни.