
Протест против воведување на еврото денес се одржува пред зградата на бугарската народна банка во Софија.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораки: „Не за еврото“, „Време е да те слушнат, не за еврото“, „Што ќе ни е еврото, ако ја изгубиме Бугарија“, како и барања за „Директна демократија со референдуми“, поддршка за левот и врски со Русија.
Сообраќајот во реонот не е прекинат и се одвива непречено, а на местото на настанот е забележливо засилено полициско присуство, јави БТА
