Skip to main content
Хроника

Пронајдено товарното возило од АРМ кое пред еден месец беше пријавено за одземено од авто сервис

30/05/2025  13:56

Возило на АРМ кое било украдено од автосервис во Гази Баба е пронајдено на паркинг во Кисела Вода.

Според информациите на МВР, вчера на 29.05.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.