
Работник од Пехчево при извршување на ископ со багер во кругот на студентскиот дом „Стив Наумов“ во општина Гази Баба пронашол коски за кои постои сомнеж дека се човечки, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 24 октомври 2025 година во 11:55 часот, лицето Г.Ј. (39) од Пехчево пријавило дека при изведување работни задачи во близина на старите гробишта забележал коскени остатоци.
По насоки на јавен обвинител, коските биле подигнати и предадени на вештачење за да се утврди нивното потекло и дали станува збор за човечки остатоци.

