Skip to main content
Хроника

Пронајдени импровизирани бомби во напуштена куќа во Кисела Вода

16/10/2025  13:46

На 15.10.2025 во 11:41 часот во СВР Скопје, С.С.(65) од Скопје пријави дека на подрачјето на Кисела Вода, додека чистела во напуштена куќа, сопственост на нејзините родители, пронашла две лименки завиткани во сeлотејп, на кои пишувало „топовски удар” и на нив имало фитили.

Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и предметите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.