Skip to main content
Хроника

Пронајдени двајца починати лица во Скопје – едно во Карпош, друго во Кисела вода

21/06/2025  14:33

На 20.06.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат И П.(52) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Исто така, на 20.06.2025 во 21.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Кисела Вода во кој живеела како потстанар била пронајдена почината К.Ч.(77) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.