
На 14.08.2025 во 02 часот, пред угостителски објект лоциран на улица „Магистрален пат“ во близина на кичевското село Другово, лишен од слобода е лице на (31) од Кичево, а во угостителскиот објект лишена од слобода е лице на (32) од Република Србија, кај кои, при извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа паковка со бела прашкаста материја.
Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект и притоа, пронајдена е паковка со остатоци од бела прашкаста материја. Во врска со настанот, лишени од слобода се и лице на ( 31) и лице на (29), двајцата од Кичево. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.