Skip to main content
Uncategorized

Пронајден починат 44-годишен маж пред поликлиника во Скопје – полицијата ја истражува причината за смртта

07/12/2025  15:42

Вчера, околу 06 часот, пред Поликлиника „Ченто“ во Скопје бил пронајден починат маж на возраст од 44 години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот во 07:00 часот бил пријавен во СВР Скопје од медицинскиот персонал на поликлиниката. Лекар извршил преглед и констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот Е.Е. од Скопје е предадено за обдукција, со цел да се утврдат точните околности и причината за смртта.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.