Ковчегот со починатиот В.Ј.(93) кој вчера „исчезна“ од капелата на гробиштата Лешче, денеска е пронајден.
Според достапните информации, ковчегот бил во фрижидерот на гробиштата.
За потсетување, бизарен случај се случил вчера во Белград кога на семејството на починатиот му било кажано дека „од фрижидерот на гробиштата Лешче исчезнал ковчег“.
За овој случај дознавме кога починатиот требаше да биде погребан. Имено, погребот бил закажан, но немало ковчег со телото на починатиот.
Директорот на гробиштата Лешче ја известил полицијата за бизарниот случај, пишува Телеграф.