Skip to main content
Македонија

Пронајден исчезнатиот струмичанец

15/08/2025  12:08

Денеска (15.08.2025) во 10:30 часот, во близина на Колешинските водопади, полициски службеници од СВР Струмица го пронајдоа 39-годишниот Р.Д., кој беше пријавен за исчезнат, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.

Неговиот исчезок на 14 август 2025 година го пријавила неговата мајка, 64-годишната Љ.Д. од Струмица, која информирала дека синот ѝ се оддалечил од дома на 13 август и не се вратил.

По организирана потрага, полицијата го лоцирала и пронашла во близина на познатата туристичка атракција Колешински водопади.

Од МВР додаваат дека околностите поврзани со случајот дополнително се утврдуваат.