Skip to main content
Култура

Промоција на научната публикација „Македонски дијалектен атлас“

28/05/2025  08:00

Денес во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржи презентацијата на Македонскиот дијалектен атлас (од богатството на картотеката – лексички материјали) во публикација на МАНУ и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Ова дело ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година како посебно важно достигнување од интерес за Македонија во областа на науката.

“Ова научно дело ја отсликува работата на сите претходници и современици, а со тоа исцртува не само слика за лексичкото богатство на македонската дијалектна територија, туку и слика за долгогодишната ангажираност на дијалектолозите во овој мошне значаен проект за македонистиката и за славистиката”, објави на Фејсбук министерката за образование и наука Весна Јаневска.