Skip to main content
Македонија

Прометот од продажбата на услугите зголемен за 3.5 % во второто тримесечје

16/09/2025  14:01

Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 3.5 % во второто тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, зголемување на прометот во услугите се забележува во сите сектори, најголемо е во секторот Административни и помошни услужни дејности од 6.8 %, а потоа следи секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 6.6 %.