Skip to main content
Македонија

Променливо облачно време, попладне дожд

30/05/2025  07:35

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален дожд. Ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец.

Дожд ќе има во источните делови од земјата, во полошкиот регион, и во пелагонискиот регион.

Минималните температури ќе се движат во интервал од шест до 15 степени, додека максималните од 13 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до заасилен ветер од северен правец. Температурата од 12 до 23 степени.