
Утрешниот ден ќе помине во променливо облачно време, при што дожд најпрво се очекува во западните краишта, а во текот на попладнето врнежи ќе има и во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 2 и 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 8 до 14 степени. Во Скопје се најавува облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 4 степени, а максималната до 11 степени. Според прогнозата на УХМР, променливото облачно време ќе продолжи и во наредниот период.
Во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално над 15 литри на квадратен метар, со умерен, а повремено и засилен ветер. Нови врнежи се најавуваат и за недела и почетокот на следната седмица, кога ќе има и пад на температурите, а на планините и повисоките места можни се врнежи од снег.
