Skip to main content
Македонија

Пролетта во декември продолжува и во текот на целата наредна седмица

13/12/2025  07:39

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според најновото ажурирање на прогностичките материјали и од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека  и во текот на целата наредна седмица целата територија на Балканот  и Македонија ќе бидат во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ  и истиот и понатаму ќе условува да имаме стабилно, суво и натпросечно топло време за месец декември со температури кои ќе бидат над просекот.

Температури над просекот за месец декември ќе имаме насекаде во Македонија  и во регионот како и во поголемиот дел од Европскиот Континент.

Што се однесува пак до врнежите, тие ќе бидат значително под просекот за месец декември и ќе биде суво и без никакви врнежи насекаде на Балканот и во Македонија.

Во ваква ситуација мора да напоменам дека и понатаму по котлините ќе има појава на магла  и на ниска облачност која особено ќе биде густа во утринските  и во ноќните часови.