Skip to main content
Македонија

Пролетно топол ден пред нас, но со постепено зголемување на облачноста!

22/03/2025  10:05

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес (сабота 22 март) во Македонија полека облачноста ќе се зголемува, но останува  и понатаму топло со пролетни температури на воздухот. Ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер, кој особено во Повардрието попладне повремено ќе засилува на интензитет.

Исто така попладне ќе има услови за локален слаб дожд.

И во Скопскиот регион денес (сабота 22 март) полека облачноста ќе се зголемува, а повремено ќе започне да засилува и ветерот од југоисточен правец.

На Метеоролошката карта можете да ги погледнете очекуваните максимални температури за денешниот ден (сабота 22 март) во нашата Република Македонија. Тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.