
Метео анализа на Славчо Попоски:
Денес и утре (6/7 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на релативно топла и стабилна воздушна маса од југ која ќе услови да имаме претежно сончево и релативно топло време преку ден со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има и појава на мала локална облачност.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме стабилно, суво и претежно сончево време и релативно топло преку ден.
Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Тоа значи дека преку ден не очекува вистинско пролетно време.
Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до близу 0 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 17 степени.


