Skip to main content
Македонија

Пролетните температури полека, но сигурно ни доаѓаат, утрово насекаде имаме температури над нулата!

12/04/2025  08:51

Метео анализа на Славчо Попоски:

Ова утро во нашата Македонија имаме насекаде позитивни температури на воздухот, односно температури над нулата, што значи дека полека но сигурно времето ни затоплува  и пролетните температури ни доаѓаат и ќе траат. Да се надеваме дека повеќе нема да имаме некој изразен ладен бран, и дека конечно пролетта ни пристигна.

На табелата можете да ги видете минималните температури измерени денес (сабота 12 април) по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.