Skip to main content
Балкан

Производители на млеко во Србија протестираат со истурање млеко

09/02/2026  18:37

Здружението на одгледувачи на говеда на Централна Србија најави блокада на патот Крагуевац-Книќ во среда, 11 февруари, со истурање неколку тони млеко. Како што изјави претседателот Милија Паламаревиќ, протестот е реакција на постојаното намалување на откупната цена и неактивноста на државата.

Производителите бараат итно враќање на откупната цена на млекото над 40 динари, воведување субвенции за млечни производи и заштита на домашниот пазар преку квоти, антидампинг мерки и контрола на увозот. Паламаревиќ предупредува дека младите земјоделци се во ризик од пропаѓање ако состојбата продолжи.