
Најмалку 16 лица загинаа во катастрофалните шумски пожари во јужен Чиле. Се спроведе евакуација на речиси 20.000 жители, додека претседателот Габриел Бориќ прогласи состојба на катастрофа во двете најпогодени области.
Претседателот на Чиле, утрово прогласи состојба на катастрофа во јужните области Нубле и Био Био, откако во катастрофалните шумски пожари загинаа најмалку 16 лица, додека речиси 20.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Според податоците од чилеанската агенција за шумарство CONAF, пожарникарите се борат со 24 активни пожари низ целата земја. Најтешка е ситуацијата токму во областите Нубле и Био Био, кои се наоѓаат околу 500 километри јужно од главниот град Сантијаго де Чиле, пренесува Ројтерс.
