Skip to main content
Свет

Прогласена вонредна состојба во Бангкок, десетици заробени под урнатините на облакодер

28/03/2025  11:17

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт. Стотици луѓе од тајландската престолнина Бангкок во паника излегоа од зградите кога почувствуваа дека земјата се тресе, јавува „Ројтерс“.

Облакодер во изградба во Бангкок се урна за време на земјотресот, соопшти полицијата. На социјалните мрежи кружат драматични снимки на кои се гледа како облакодер со градежен кран на врвот се урива во облак од прашина. Полицијата изјави за АП дека се на самото место, во близина на популарниот пазар „Чатучак“ во Бангкок.

Службите за итни случаи известија дека 50 лица се наоѓаат во зградата што се урна во паркот „Чатучак“ во Бангкок. Националниот институт за итна медицина соопшти дека 43 лица се заробени во зградата, а други седум се повредени.

Тајландскиот премиер Паетонгтарн Шинаватра прогласи вонредна состојба во Бангкок.