Skip to main content
Хроника

Професорот Цури со емотивна објава се прости од Фросина Кулакова

31/01/2025  15:04

Модниот дизајнер Изет Цури, кој децении активно работи на француската модна сцена е професор на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Фросина пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше.