
Ученици од Штип се жалат дека професор по музичко ги скинал транспарентите кои тие ги подготвувале цел ден за жртвите во Кочани. Штипјани тврдат дека „професорот Дејан Илијевски им велел дека не треба да се политизира ситуацијата, а самиот тој имал политичка цел“. По инцидентот, учениците со искинатите транспаренти се упатиле кон гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип, каде работи професорот по музичко образование и ги оставиле пред објектот.
Друг штипјанец за за истиот инцидент вели дека додека неколку ученички ги изработувале транспарентите, професорот им пришол и им рекол да ги тргнат на страна транспарентите, зашто биле политички, на што тие му одговориле дека не се, а потоа им рекол „вие нема да ги тргнете, дајте ми ги“, по што тие му ги предале транспарентите, а тој ги искинал.
Претходно, истиот професор на часовите им велел дека сѐ што правеле за жртвите во кочани е „политчки настроено“, на што учениците му велеле дека сѐ што правеле и прават еза нивните другари, а не за политика, раскажува сведоци од Штип.
Професорот Дејан Илијевски, ако може така да се нарече на Фејсбук ги негира овие обвинувања, меѓутоа граѓаните во коментари на неговата објава се гневни за неговата потапка. За кратко тој ја избриша објавата на својот профил.


Извор: Антропол